Тешко повреден скопјанец донесен на скопските клиники. Според информациите, тој бил физички нападнат во неговиот двор.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11.00 часот во својот двор во Шуто Оризари откако, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од М.С.(41) од Скопје. Сочинет е записник за константиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.