Вработен во касарната „Еребино“ во Тетово вчера се здобил со тешки телесни повреди, поради што итно бил пренесен на скопските клиники.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 14 часот во ПС-Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна „Еребино“, околу 11 часот И.А (59) од Гостивар, вработен во АРМ, одговорен на Одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, додека И.А. заедно со Б.З. и В.Џ., вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.