Во радовишката полиција во попладневните часови на 30 октомври била пријавена сообраќајна незгода што се случила во селото Подареш.

Според пријавата, автомобил „сеат“, управуван од засега непознато лице, движејќи се по улица во селото, преминал да се движи на тротоар и удрил во мотоцикл „хонда“, кој бил застанат на тротоарот и во моментот на него бил 65-годишник и во пешак на возраст од 58 години.

По инцидентот, возачот побегнал од местото.

Во незгодатата тешко биле повредени двете лица на тротоарот, жители на селото Подареш, кои биле итно пренесени во Клиничкиот центар во Штип. Увид на местото извршила екипа од полициската станица во Радовиш, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.