Две девојчиња, од кои едното потешко, се повредени откако во нив удрил автомобил во Скопје додека се возеле на тротинет.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22.30 часот на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“ кога автомобил „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје удрил во електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот. И двете бил пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.