Четириесет и четиригодишен жител на село Враништа е тешко повреден откако синоќа со мотор излетал од патот Струга–Дебар, во с.Враништа.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот К.Ш.(19) од с.Јабланица се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.