Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија – Скопје, кај тунел во близина на Демир Капија, каде се судриле автомобил „ауди“ и комбе.

На местото на незгодата полицијата пронашла 14 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, кои изјавиле дека се превезувале со автомобилот, а дека по незгодата возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот.

Во незгодата двајца мигранти се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицински центар Кавадарци за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.