Фото: Илустрација

Синоќа на магистаралниот пат Охрид-Ресен, М.С.(44) од Охрид, управувајќи автомобил со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

– Во незгодата, М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид – соопшти полицијата.

Несреќата се случила на околу 700 метри после планинскиот превој Буково.