На регионалниот пат Штип-Карбинци 23-годишна девојка со автомобилот излетала од коловозот и удрила во дрво. По несреќата К.Д. со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип.

-Ноќеска, 45 минути по полноќ, било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Карбинци, во село Стар Караорман патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од К.Д. (23) од село Стар Караорман излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo- информиаат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.