Повеќе лица се приведени во СВР-Скопје на имформативен разговор со цел да се утврди точниот мотив за оружениот напад, што се случи во петокот вечерта на ул. „Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје. 

Во нападот едно лице е убиено кога непознати сторители од возило во движење пукале во автомобил „сеат алтеа“ во кое се наоѓал убиениот. Две лица се повредени во нападот, од кое едното подоцна им подлегна на раните. 

Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека МВР работи на случајот и оти кога ќе дојде до конкретни резултати детално ќе ги објави. 

– Веднаш по настанот иако во тек беа подоготвки за референдумот се презедоа сите мерки за расчистување на случајот во СВР и од страна на надлежниот јавен обвинител извршен е увид. Обезбедени се материјални траги, кои се најдени на лице место. Извршена е обдукција на телата, се работи на вештачење на материјалот кој е подигнат, на возилото, додаде Спасовски.