Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 12.55 часот на регионалниот пат Скопје – Куманово, кај селото Арачиново. Сообраќајната несреќа се случила меѓу возило „фолксваген бора“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В. и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.В., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 15.30 часот на локалниот пат с. Слупчане – с. Ваксинце, кај место викано „Чешмиче“, општина Липково, Х.Б.(58) од Прешево, Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата Х.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, информира полицијата.

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Трнодол. Вчера во 8 часот на улица „Трнодол“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од И.Ф. и „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М.Ф. се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.