На протестот за пресудите во случајот „Монструм“, организиран од роднините и пријателите на осудените за убиствата кај Смилковското Езеро можеше да се слушнеше скандирање „УЧК, УЧК“.

Групата која протестира, од Чаир се упати кон зградата на Владата, а кај трговскиот „Мавровка“ беше развеано големо албанско знаме.

Меѓу транспарентите може да се збележи еден и на аанглиски јазик, на кој е напишано: „Уставот на Северна Македонија ги нарушува етничките права на Албанците и мора да биде сменет“.

Исто така има и транспарент со ликовите на обвинителките Фатиме Фетаи и Вилма Рускоска, судијката Добрила Кацарска и државниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, на кој пишува: „Северна Македонија со корумпирани судови и обвинители“.

Во, меѓувреме групата демонстранти пристигна и пред зградата на Владата, каде има поставено заштитна ограда обезбедена од полицијата.

Случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. На самото место беа убиени четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево. Обдукцијата покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје.

Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече на 23 февруари, на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

Според роднините на осудените, тие не се убијци и не сториле дело тероризам.

– Ние, нашите семејства, не сме едуцирани да убиваме, а најмалку да направиме терористички чин. Ние го осудуваме овој чин, но не сакаме да нè најдат како случајна жртва за да понесеме одговорност – рече Бедри Ајдари, еден од роднините на обвинетите на еден од претходните протести за „Монструм“.

Три дена по изрекувањето на пресудата, на 26 февруари се одржаа протести кои завршија со осуммина приведени и седум повредени припадници на полицијата. На протестите се фрлаа камења и други предмети кон полицискиот кордон, којшто го спречи движењето на демонстантите кон Кривичниот суд. Полицијата, пак, возврати со шок-бомби, а нападната беше и новинарска екипа.