Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија.

Тој се движел во група сочинета од осум планинари, на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце, но се оддалечил од групата и залутал поради густата магла.

Откако случајот бил пријавен во полицијата, полициски службеници на СВР Тетово и двајца планинари започнале со пребарување на теренот и утрово  околу 05.30 часот, тој бил пронајден во бачило во месноста „Коњушка река“.

Планинарот е без повреди и во добра здравствена состојба.