Тешко повреден е 58-годишен пешак С.С. од Пробиштип кој бил прегазен со автомобил во Скопје, возачот по несреќата побегнал.

-На крстосница од улица „Лука Геров“ и улица „Марк Твен“ во Скопје непознато возило управувано од непознат возач удрило во пешакот С.С.(58) од Пробиштип, по што побегнало од местото-информираат од МВР.

Од ударот С.С. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.