Едно повозрасно лице е потешко повредено откако во него удрил автомобил на раскрсница во Струмица, соопшти МВР.

-На крстосница од улицата „Ленинова“ со улиците „Бр.Миладинови“ и „Цветан Димов“ вчера во 12:30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд Галакси“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.Т( 26) од село Вељуса удрил во пешак С.К. (75) од Струмица. С.К се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица пуштен е на домашно лекување, се вели во соопштението од МВР.