Шеесет и седумгодишен пешак загина денеска во Прилеп, откако во него удрил автомобил.

Како што е наведено во полицискиот билтен, денеска во 11:20 часот било пријавено дека на улицата „Биди маж“ во Прилеп патничко моторно возило „голф“ управувано од Г.П.(46) удрило во пешак М.Ш.(67).

Од здобиените повреди пешакот починал. Увидот е во тек.