Велешкото обвинителство отвори истрага против пет лица за пожарот што се случи завчера кај езерото Младост. Осомничени се одговорно лице во едно правно лице и четворица работници, а до судот е испратено барање за определување притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент.

За двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.

По скратена постапка кривично ќе се гони и градежната компанија која ги ангажирала осомничените.

Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина.

Сите се осомничени за кривично дело тешки дела против општата сигурност.