Полицијата денеска официјално ја соопшти причината за смртта на познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски. 

Вчера било пријавено дека околу 13:20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и тој починал на местото на настанот.

Полицијата извшила увид на местото на настанот, а известен бил и јавен обвинител.