Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал.

Како што соопшти МВР, телото на малолетникот го пронашле и извадиле полициски службеници и граѓани кои дошле на местото на несреќата.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.