Во скопската полиција во вечерните часови на 26 јуни било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче.

Девојчето со брза помош било пренесено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, но утринава во 8.30 часот починало.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.