Петгодишно девојче вчера починало во дворот на семејната куќа, сопственост на таткото А.С.М во Скопје.

Како што соопшти МВР, вчера во 15.36 часот од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено во Единицата за информации и команда Скопје, дека кај нив било донесено починатото девојче. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото дете било предадено на обдукција.