Педесет лица го прекршиле полицискиот час во периодот од 20.00 часот на 24.04.2021 до 05.00 часот на 25.04.2021, информира министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани биле 678 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на ковид-19.