Пациентка заразена со коронавирус вчера преку прозорец се обидела да побегне од Инфективното одделение во гостиварската болница, каде што била хоспитализирана, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од порталот „Лајме“, како и од СВР Тетово.

Таа набргу била вратена на лекување во болницата. Допрва се очекуваат официјални информации за инцидентот.