Крадец украл пари и пијалоци од угостителски објект во Скопје за време на полициски час.

Според информациите на МВР, вчера А.М.(43) од Скопје пријавил во полиција дека во период од 00.30 часот на 24.05 до 13.00 часот на 25.05.2020 во угостителски објект на ул.„Пушкарска“ во Скопје непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел пари и пијалоци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мреки за расчистување на случајот.