Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети во одделни настани, за време на полицискиот час биле затекнати како се движат пеш, со велосипеди или возила низ градот. Со преземените дејствија тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење.

Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.​