Педесет и седумгодишен параглајдерист од САД паднал врз возило во селото Љубаништа.

– Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15.20 часот, при слетување на плажата со параглајдер, Д. J. Р. (57) од САД, паднал на патничко моторно возило „мицибуши“ со скопски регистарски ознаки – соопштуваат од МВР.

Параглајдеристот со возило на итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.