Aдвокатите на Владимир Панчевски побараа од судечкиот совет да му се укине притворот на поранешниот претседател на Кривичниот суд, бидејќи според нив, тој има имунитет, на судењето кое почна денеска во Велес, пренесуваат повеќе медиуми.

Судечкиот совет потоа даде пауза за да се провери дали на судијата Панчевски му е одземен имунитетот.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд треба да одговара за злоупотреби на системот АКМИС.

Откако Панчевски не се појави на последното рочиште на 10 јули, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена Панчевски сам се пријави во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.