При проверка во багажниот дел на возило, со косовки регистерски ознаки, биле пронајдени повеќе пакети со лекови. Возачот е приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

-На 12.02.2019 година во 18.45 часот на клучка Радишани-oбиколница во Скопје полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови- е наведено во дневниот билтен од МВР.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво по член 277 од Кривичниот законик, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.