Во СВР Скопје ноќеска во 4.20 часот било пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.

Од МВР информираат дека тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.