Автомобилите на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и неговата сопруга синоќа биле оштетени од непознати сторители. Случајот во полиција го пријавила сопругата на градоначалникот.

Од МВР информираат дека вчера во 23.10 часот Ш.Ј. (49) пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот во средата, на улицата Хелсинки, поточно на паркингот пред зградата, од страна на непознат сторител биле оштетени нејзиниот автомобил „ауди К-5“ и автомобилот на нејзиниот сопруг „ауди А5“.

-Констатирано е дека на возилото на пријавителката извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, а кај второт возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место. Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ќе биде утврдена – велат од МВР.

 Се работи на целосно расчистување на случајот.