СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување.

На 15.3.2020, на социјалната мрежа Фејсбук, на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „стоп“ палка неовластено применувал полициски дејства – запирање моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево, соопшти полицијата.