Вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на месноста викана „Прентов мост“ се случила сообраќајна незгода во која Р.Н (73) од Охрид, , управувајќи товарно моторно возило изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Како што информираат ид МВР, во незгодата Р.Н се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид.