Пред објкетот на „Македонски Телеком“ во Охрид синоќа бил пронајден мртов 45- годишен охриѓанец, кој бил вработен во Агенцијата за обезбедување, која била задолжена за обезбедување на објектот.

-Во Полициската станица Охрид, синоќа во 21.34 часот вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување, која била задолжена за обезбедување на објектот- инфомораат од МВР.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.