Во охридската полиција во утринските часови на 5 февруари била пријавена смрт на 83-годишен охриѓанец кој се лизнал и паднал на улицата Марко Цепенков.

Лекар од брзата помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Охрид од вчера е прекриен со снег, а висината на снежната покривка во утринските часови достигнала 19 сантиметри.