Денешното рочиште за случајот „Тортура” каде првообвинет е поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, како и припадници на поранешната полициска единица Алфа, беше одложено поради отсуство на судијката Александра Ристеска.

Меѓу петтемината сведоци кои требаше да сведочат на денешното рочиште се бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска.

На обвинетите во „Тортура“ им се суди за нехумано постапување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. Следното рочиште е закажано за 19 октомври.