Отсуството на адвокатите на обвинетата Катица Јанева го одложи денешното рочиште за случајот „Рекет”. Дељо Кадиев е отсутен поради болест, а Ирена Фрчковска доставила исто известување до судот.

На денешното рочиште беше предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.

Наредното рочиште е одложено за четврток.