Шеесет и двајца мигранти се откриени во два одвоени случаи во товарни возови кои во државава пристигнале од Грција.

Според информациите на МВР, вчера во 15:55 часот од страна на полициски службеници од Македонија, Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Грција во 15:25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир.

Истиот ден во 19 часот, пак, во друг товарен воз кој пристигнал од Грција биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир.

Мигрантите биле пренесени во Приватниот транзитен центар во Гевгелија.