Педесет килограми марихуана биле откриени во автомобил во близина на населбата Рача, на патот Охрид – Свети Наум.

Според информациите на СВР-Охрид, синоќа во 23.20 часот бил сопрен автомобил, управуван од С.Л. (53) од Струга.

Во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен. Во врска со овој случај, приведен е и С.И. (31) од Струга, кој управувал друг автомобил.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.