При изведување на градежни работи во близина на градскиот стадионот под „Тумбе Кафе“ вчера биле пронајдени три стари гранати, соопшти полицијата.

Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите и констатирал дека станува збор за артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.

Лани околу 11.500 артилериски гранати со калибар од 75 мм заостанати од Првата светска војна беа утврдени на истата локација. Се претпоставува дека местото било напуштена позиција на некоја од завојуваните страни во Првата светска војна. Ова е најголема количина на гранати пронајдена на една локација во Македонија и на Балканот.

Уништувањето на гранатите откопани лани во Битола, почна на крајот на минатата година на армискиот полигон.