Фото: Игор Бансколиев

Започната е предистражна постапка за „Рекет 2“, потврдуваат од Јавното обвинителство за Алфа ТВ.

-Кривичната пријава поднесена од Вера Иванова против Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, Министерот за здравство Венко Филипче, а која беше и проширена против уште едно лице е распределена кај јавен обвинител. Започната е предистражна постапка – соопштуваат од ЈО.

Ова следува откако Вера Иванова, претходна сопственичка на „Диамед“, поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност.

Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.