Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Тетово. Според информациите на МВР, вчера околу 22.40 часот на крстосницата од ул. „160“ и ул.„161“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(20) од Тетово и „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.З.(18) од Тетово.

На местото на несреќата животот го загубил Ш.Љ.(18) од Тетово, сопатник во „ауди“-то, додека, пак, со тешки телесни повреди се здобил вториот сопатник во истото возило, Е.М. од Тетово. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител  и екипа од СВР Тетово. Причините засега се непознати.