Фото: Илустрација

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина вчера во сообраќајна несреќа што се случи на патот Берово-Делчево, кај местото викано „Градски преод Делчево“.

Како што соопшти полицијата, автомобилот управуван од Ф.А.(18) од Скопје излетал од патот. Момчето починало на пат кон Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот.


Возачот без дозвола, совозачот со марихуана, автомобилот без регистрација

Полицијата кај селото Стајковци сопрела возило без регистерски таблички, пришто приведени поради неколку прекршоци се двете лица кои се превезувале во возилото.

Како што соопшти МВР автомобилот бил сопрен вчера напладне, а во него биле Е.Љ.(18) и Љ.М. (22) – и двајцата од Тетово.

„Кај совозачот Е.Љ.(18) од Тетово била пронајдена марихуана по што бил лишен од слобода. Приведен бил и возачот Љ.М.(22) од Тетово кој не поседувал никаков документ за идентификација, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување моторно возило“, соопшти МВР.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Приведен дилер на хероин во Тетово

Синоќа по полноќ, полицијата на улицата 113 во Тетово го привела Г.Х.(34) од Тетово, кај кого е пронајден хероин.

По документирање на случајот, против Г.Х. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.