Осумнаесетгодишник од Гостивар силувал негова малолетна роднина која имала само 12 години.

Според информациите на Основното јавно обвинителство – Гостивар, осомничениот вчера, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години.

Осомничениот го пресретнал девојчето на пат и го насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој започнал да го влече девојчето за рака и насилно го внел во тоалетите на објектот, каде преземал дејствија со кои го извршил кривичното дело родосквернавење.

Основниот суд Гостивар на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.