Синоќа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено починато осумгодишно девојче од селото Бардовци, Скопско.

Девојчето, како што јави МВР, околу 21.15 часот се удавило во базен од семејната куќа.

Итната медицинска помош извршила реанимација по што девојчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.