Во велешката полиција на 18. септември пријавен бил инцидент кој се случил во основното училиште „Панко Брашнар“.

Според пријавата, при игра со соученици, од прозорец на училница на прв кат, паднал ученик од 9. одделение.

Детето се здобило со тешка телесна повреда и било веднаш пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Надлежните работат на расчистување на случајот.