Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го инцидентот со синот на поранешен функционер на ДУИ, кој го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

– Штом рековте поранешен, не се чувствувам повикан да коментирам, бидејќи тоа се граѓани, како и сите други граѓани. Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин – рече Османи.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимоски, пред два дена беше нападнат додека седел во ресторан во Дебар Маало. Нападот се случи неколку минути пред 12 часот и е пријавен во полиција. Пред нападот врз Бислимоски претходела расправија.