Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на Орце Камчев и тој останува во притвор.

– Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.3.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30-дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство – соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Камчев беше спроведен во затворот во Шутка, поради дојава од Агенцијата за национална безбедност до Обвинителството дека има сознанија за бегство.