Разно оружје и муниција биле пронајдени во куќа во Скопје, а приведено е едно лице.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против А.Љ. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 5 септември полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две празни рамки за пиштол, рамка за пиштол со пет куршуми од 9 мм, маневарски куршум за автоматска пушка, балистички елек со заштитна плоча, гумена палка и др.