Општина Чаир ќе додели 12.000 евра помош за погодените од земјотресот што утринава ја стресе Албанија. Ваквата одлука била донесена едногласно на вонредна седница на Општината.

-На вонредната седница на Советот на Општина Чаир, што ја свика градоначалникот Висар Ганиу, за дефинирање на институционална помош за местата погодени од силниот земјотрес во Република Албанија, од страна на сите присутни советници едногласно се усвои оваа одлука Општината да додели 720.000 денари или 12.000 евра финансиска помош за Република Албанија, односно за регионот погоден од земјотресот – соопштија од Општината.

Оттаму информираат дека, освен финансиска помош, во Oпштината ќе се собираат и потребни материјали, како што се: ќебиња, медикаменти, прехранбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства и друго, кои во текот на денот ќе бидат испратени во градот Драч и неговата околина.