Возило на осигурителна компанија изутринава било опожарено во Скопје, информира МВР.

Според полицијата, изутринава во 3,08 часот во ЕИК-Скопје, Д.В. пријавила дека на улицата „Теодосиј Синаитски“ во Скопје било опожарено паркирано возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Осигурителна компанија. Од страна на екипа на БППЗ-Скопје пожарот е локализиран.

Увид ќе се врши во текот на денов.