Фото: Илустрација

Возило ноќеска е опожарено на ул. „Јуриј Гагарин“ брј 56 во скопската населба Козле.

Од  Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираа дека интервенирале со едно возило и со четири пожарникари, а интервенцијата траела од  два до три часот.

Материјалната штета се проценува на околу 600 илјади денари.